Супер настап на Македонците на Фрушкогорски маратон

Овој викенд на Фрушка Гора близу Нови Сад во Србија се одржа 38-от Фрушкогорски маратон, една од најстарите манифестации од овој тип на Балканот. Македонија беше претставена од страна на четири тркачи на различните ултра-маратони.

Фрушкогорскиот маратон е годишен настан кој се одржува секој последен викенд од април во истоимениот национален парк близу Нови Сад. Започнува да се одржува во 1978 година како планинарски маратон кој во текот на годините расте во неговата популарност и масовност за да достигне и тркачки карактер. Маратонот сега има голем диверзитет на трки на кои може да учествува секој човек. 

Оваа година македонски претставници на Фрушкогорскиот маратон беа Светлана Стојаноска, Тања Стојановски (која е родум Србинка, но има македонско потекло), Жикица Ивановски и Тања Пенева од TREX.

Жикица Ивановски и Светлана Стојаноска учествуваа на Велики Источни маратон кој беше со должина од 81 км. и 3100 м D+, на кој Жикица заврши со време од 11:20 и заврши на второто место, а Светлана со 18:00 часа. 

Тања Стојановски учествуваше на Ултра екстремниот маратон од 125 км. со 5611 D+ и за 24 часа успеа да заврши на второто место, а Тања Пенева беше на Велики Јужни маратон со 91 км. и 3596 D+ и заврши за 22 часа.

 

Автор

TREX

Скопје

Македонија