Студенти, имајте фит семестар

Кој како успева да се снајде нели со еден тон администрација, запишување, уплатници, па после станови и студентски домови, успат нови девојчиња и дечки, журки и нормално под вакви околности стрес. Не му ја мислете и одвојте време за вежба и тоа во друштво!

Општо земено, без разлика дали за „вечните“ студенти или пак за бруцошите, вежбањето во група може да помогне подобро и полесно да се справат со стресот, пронаоѓа една понова студија правена на повеќе од 14,000 студенти. 

Според истражувањето, оние студенти кои ги исполнувале препораките за редовна физичка активност, најмалку три пати по 20 минути на неделно ниво, искусувале помалку стрес од другите. А згора на тоа, овие препораки почесто успевале да ги исполнат младите кои биле како дел од некое друштво што вежба во споредба со оние кои вежбале сами.

Резултатите покажуваат дека за еден студент, социјализацијата е многу важен аспект за исполнување на редовните фитнес препораки кои ќе доведат до подобро ментално здравје и помалку стрес кај младите, вели Никол Ванким, авторот на студијата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија