Откриј го културното наследство на Струмичко поле

Овој викенд низ Струмичко ќе се случи еден многу интересен настан, кој освен што ќе ги задоволи велосипедските апетити на учесниците, ќе биде и едно одлично гастрономско доживување како што најавува организаторот. 

Велосипедизмот и добрата храна одат рака под рака, па така и оваа велосипедска прошетка низ Струмичкото Поле ќе биде и прошетка низ дел од локалните специјалитети. Учесниците ќе имаат можност од почетокот до крајот на прошетката по нешто да пробуваат и да си ја надополнат силата за возење велосипед.

Од Струмица викаат: „Струмичкото Поле е познато по земјоделските производи, и би било штета да имаме гости, а да не пробаат нешто од нашите специјалитети”, вели Димитар Манишев, претседател на Велосипедскиот клуб Актив од Струмица. Тој уште додава „Сметаме дека Струмица е прекрасна велосипедска дестинација која нуди и лесни рути и рути со предизвик за љубителите на велосипедизмот. А велосипедската прошетка по ручекот се познава и Струмица има што да понуди.”

Учесниците на велосипедската прошетка „Културното наследство низ Струмичкото Поле” ќе имаат можност да пробаат свежо струмичко овошје обезбедено од Агрофруктус, ручек подготвен на струмички начин обезбеден од Општина Струмица и вкусните струмички еклери од Слаткарница Ресана.

За освежувањето на учесниците се грижи струмички Грозд со нивната на далеку позната Струмка. Освежувањата и окрепнувањата на учесниците се предвидени на локалитетите со културно значење: Гробот на Струма, Манастирот во Водоча, Манастирот во Вељуса, местото манастирите во Ангелци. На овие локалитети ќе има и кустоси кои ќе се погрижат да оваа велосипедска прошетка има образовен карактер. За таа цел соработка се остварува со Заводот и музеј од Струмица.

Настанот предизвика интерес и во соседните земји. Учесници има веќе потврдено од Србија и Бугарија. Екипата од Бугарија пак се дојде со возење велосипед од Бугарија до Струмица за да учествува во Велосипедската прошетка.

Велосипедската прошетка „Културното наследство низ Струмичкото Поле” е настан кој меѓу другото сака да го промовира велосипедизмот како семејна активност. Затоа подготвени се две рути, една рамна рута за секој кој сака да учествува, па дури и со градски велосипед, и една висока рута за велосипедистите кои сакаат предизвик.

Пријавувањето е во тек. Повеќе информации може да се добијат на велосипедскиот портал www.mk.to4ak.com, или преку е-пошта [email protected].

Велосипедската прошетка „Културното наследство низ Струмичкот Поле” за вас ја тестираа велосипедистите на ВК Актив од Струмица.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија