Струга се проба со StandUp Paddling

Во Струга на 01 август беше организиран натпревар во StandUp Paddling од страна на Кајакарска федерација на Македонија каде учесто земаа голем број на кајакари на мирни води од различни категории. StandUp Paddling како нов спорт во нашата земја за прв пат беше обележан со промотивен натпревар. 

Истиот се одржа на стазата за кајакарските натпревари (500 м, спринт). Во натпреварот земаа учество 6 натпреварувачи. Овој натпревар иако е прв во Македонија од ваков карактер, се надеваме дека SUP спортот ќе продолжи да се развива, да има повеќе национални и интернационални трки.