Стресната половина од чашата

Ако ја гледаш чашата полу празна, веројатноста дека останатата половина е ПОЛНА со стрес е поголема!

 

Истражувачите од Конкордија Универзитетот во Канада откриле дека нивоата на стрес-хормоните се многу постабилни кај оптимистите соочени со стресни ситуации во споредба со песимистите.

  • „Во денови кога се изложени на повисок стрес од просечниот, одговорот на песимистите на стрес факторот е многу покачено ниво на кортизол и отежнато намалување на истото” вели Џоел Џобин, кандидат за докторат по клиничка физиологија на универзитетот и додава „оптимистите, напротив, се позаштитени во вакви услови.”

Студијата била спроведена врз 135 испитаници на возраст од 60 години и нагоре, во времетрање од 6 години. За време на овој период на 12 различни денови испитувачите земале примероци од плунка 5 пати дневно со цел да се измери нивото на стрес хормонот кортизол и одговориле на прашања во врска со тоа дали се под стрес, со каков интензитет и дали се сметаат за песимисти или оптимисти.

По споредбата на добиените резултати, истражувачите откриле дека нивото на кортизол кај оптимистите биле подложни на далеку помали осцилации отколку кај песимистите, каде секогаш биле елевирани над просечното ниво.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија