Street Workout vol.1 – Последен ден

Едноставно кажано “Street Workout” претставува тренинг со сопствена тежина кој се изведува на отворено, со користење на расположлива инфраструктура во парковите, стадионите, детски игралишта, градилишта (буквално на улица)…

“Street Workout ”исто така важи и за “заедница” која содржи одредена филозофија, начин на живот и е дел од модерната урбана култура.Интензитетот и разновидноста на постоечките вежби помогнува да се креира и одржува силно тело и одлична психичка состојба. Вежбите се динамични и многу од нив содржат акробатски елементи, кои го прават уличниот тренинг многу атрактивен за гледачите.

Уште од старите времиња вежбите од уличниот тренинг биле користени и тоа од спортисти, спортски клубови и во воени организации за да изградат психичка сила. Вежбите од уличниот тренинг се дел од едукацијата во основните и средните училишта во најголемиот дел од светот. 

Во последните неколку години движењето на уличниот тренинг стана многу популарно и значително се прошири благодарение на интернетот, социјалните мрежи и трудот на Street Workout and Calisthenics Federation. Милиони мажи и жени ширум светот редовно вежбаат.

Прв пат во историјата федерацијата за “Street workout ”започна и продолжи да организира натпревари во ова дисциплина, тоа придонесе за “Street workout” да стане посебна спортска дисциплина.

Добри страни на Уличниот тренинг:

– Атрактивни и модерни продукти;

– Фокус на здравје и фитнес, вежби достапни за сите без многу вложување, спектакуларни за гледачите и во живо и на телевизија;

– Достапни за сите возрасти, сексуалности, социјални групи и без финансиски ограничувања. 

Официјална страна.

Повеќе а настанот тука.

Овој проект е финансиран со поддршка од Европска унија – програма Млади во акција.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија