Наслов

Страв од Тајгер во Азија

Иако топ азиските голфери се подготвени да блеснат на CIMB Classic турнирот кој се одржува во Куала Лумпур неделава, прво ќе мора да се соочат со 14-кратниот шампион во голф Тајгер Вудс кој учествува во единствената PGA тура во азискиот регион.

Во очи на настанот кој вкупно вреди 6,1 милион долари, од кои победникот добива награда од 1,3 милиони долари, индискиот голфер Гаганџет Бхулар признал дека се вознемирил кога за време на тренингот ненадејно се појавил Вудс.

"Одеднаш ќе го видите Вудс како стои покрај вас и тоа е малку заплашувачки, иако на овој турнир сите сме на исто ниво и секој сака да победи", изјавил Bhullar.

Инаку, следната недела на medal-matchplay натпреварот во Jinsha Lake Golf Club во Кина, Вудс го чека напорна игра со американскиот шампион на PGA турите Рори Меклрој. 

23 годишниот Меклрој, кој досега има освоено две титули, се смета дека има најголеми шанси да го наследи 36 годишниот Вудс, чиј последен триумф беше на еден од главните шампионати во голф на US Open во 2008 година.

Победата на  Вудс во Torrey Pines дојде непосредно пред неговата кариера да експлодира поради скандалите од бурниот приватен живот, кои доведоа кон крајот на 2009 година да се повлече од професионалниот голф. Вудс, повторно се врати на терен во 2010 година, а трите победи на PGA турите годинава повторно го качија на второто место на ранг листата.
Но, некогашниот број еден голфер во светот ќе остане запаметен по тоа што има заработка од 100 милиони долари од учество на турнири, и по тоа што е рекордер по број на недели во кои се има задржано на врвот на светските ранг листи (264 недели).

 

24 Октомври 2012

За авторот