Стојкоски со најдобро македонско време на Олимпус Маратон

Овој викенд на планината Олимп во Грција се одржа овогодинешното издание на една од најпознатите светски трки во планинско трчање – Олимпус Маратон каде учество земаа неколку наши тркачи. 

На трката од 44 километри и тешки 3200 вертикални метри која оди под највисоките врвови на Олимп на висина и до 2800 метри настапија 550 тркачи. 

Наше убедливо најдобро време досега оставари Александар Стојкоски од Прилеп кој патеката ја финишираше за 5 часа и 20 минути со што заврши на 24-та позиција. Стојкоски држи некои од најсилните времиња на сите наши планински трки и очекувано беше оваа година на продолжи со одличните резултати.

Покрај Стојкоски, на трката на стапија и Дејан Тодевски 5:34, Александар Кирковски 5:44, Марјан Бонев 5:56, Никола Илиевски 6:15, Димитар Тодоровски 6:15 и Александар Војнески 6:52ч.

Во машка конкуренција победник на трката беше Аит Малек Заид 4:31 од Шпанија, втор беше  Бугарот Кирил Николов – Дизела 4:33, а на третата позиција беше Шпанецот Пере Аурел (4:34ч)

Во женска конкуренција прва заврши Елиса Деско 5:14 од Италија, второпласирана беше Рагна Дебатц 5:15 а на третата позиција се најде Французинката Росет Сегурет 5:20.

Во склоп на овој настан се одржа и трка на ултра дистанца од 70 километри каде настапија Мери Мирческа и Антонио Каранфилоски. Мирческа заврши со време од 15:58 на четвртата позиција, само 20-тина минути позади третопласираната во женска конкуренција. 

На крајот од август оваа година, Мери Мирческа и Стојкоски ќе ги гледаме на познатата трка Ултра Треил ду Мон Блан на Алпите каде ќе настапат на соодветните трки од 171 и 100 километри.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија