Наслов

Старите шкотски голфери гласаа „за“ жени

Второто по важност гласање кое периодов се случуваше во Шкотска овозможи после скоро три века жените за прв пат да се стекнат со право на влез во еден досега многу машки голф клуб.

Royal and Ancient Golf Club (во превод нешто како кралскиот и древен голф клуб) од Ст. Андрус со 85 % позитивни гласови конечно го реши проблемот во врска со учеството на жените во овој клуб.

260 години откако е основан, клубот од овој шкотски град потклекна на притисокот и 2,400-те членови беа натерани да гласаат за решавање на  оваа закоравена проблематика. 

Во глобални рамки голфот е познат како „машки“ спорт во кој тешко успевале да влезат жените, особено во минатото, а овие клубови често биле заштитувани од повисоките власти поради ваквата политика.

Сепак, во денешницата сè повеќе голф клубови низ светот тежнеат кон полова еднаквост. 

19 Септември 2014

За авторот