Срушен маратонскиот рекорд на Ед Витлок во категоријата 70+

Oвој викенд, 70-годишен програмер од Пенсилванија успеа да го урне навидум неповторливиот резултат во маратон на Ед Витлок во категоријата над 70 години. 

Со време од 2:54:23, Џин Дајкс на негови 70 години успеа да го запише новото најдобро маратонско време во оваа категорија на маратонот во Џексонвил, Флорида. 

Силното време на претходниот рекорд на сега веќе починатиот Ед Витлок поставен во 2004 година зборува само за себе. Џин овој викенд успеа да го подобри рекордот за само 25 секунди, а Ед, неговите рекордерски 2:54:48 ги имаше истрачано на неверојатни 73 години. 

Дајкс е пензиониран компјутерски програмер кој оваа година беше активно во потрагата за рушење на овој рекорд во категоријата 70+. Прв одличен резултат беше маратонот во Торонто  2:55:17 каде беше само 30 секунди поспор. Две недели по тоа на 1 декември тој трчаше ултрамаратон од 50 километри – Виста Верде во Сан Франциско, а следниот ден на 2 декември учествуваше на маратонот во Калифорнија, што само ја потврдува неговата издржливост и брз опоравок. 

На маратонот во Џексонвил се чуствував многу силно, а на половина од стазата имав 30 секунди предност пред рекордот на Витлок. 

Витлок кој живееше до неговата 86 година претставуваше своевидна маратонска икона со неверојатните резултати во различни дистанци. Тој трчаше во стари излитени патики, тренираше сам на гробиштата близу неговиот дом и водеше едноставен живот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија