Среќни 365 на точак

Неколку дена пред новата година и во екот на празничното расположение, ем 20та јубилејна, па и како добра можност да се направи ретроспектива на минатата и вело-резолуција за идната. Поводи колку сакаш, но причина има само една. Критична маса сака сите ние да сме што почесто на велосипед, за доброто на сите, за доброто на секој.

Предновогодишната 20та Критична маса во Скопје покажа дека нема ништо спорно, тешко, чудно нити пак невозможно да се вози велосипед (за било каква причина) и во зима. Баш во овој период, масовното користење на велосипедот од страна на граѓаните би допринело до помало користење на моторните превозници кои се дел од проблемот со загадувањето.

Затоа, поголема група на точакољупци, “велосисвесни” и луѓе кои што во иднина го гледаат главниот град како една велосипедски порасположена средина се собраа и оваа последна среда од декември и воопшто од годинава на предновогодишното возење и замислување на вело-желби за идната 2014. 

Посакајте и вие нешто велосипедски убаво за Скопје или твојот град во новата 2014!

И имајте среќни 365 на точак!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија