Европското карате првенство за Кадети, јуниор и У21

Сребро со златен сјај, историски медал за Македонија во кати

На 05.02.2016 се одржа првиот ден од Европското карате првенство за Кадети, јуниор и У21. Нашиот каратист Абдурахим Идризи го освои сребрениот медал. 

Абдурахим Идризи влезе во историјата на македонското карате пласирајки се во финалето во индивидуалн конкуренција на европското првенство.
Во првиот круг Идризи беше слободен, во второто коло го совлада Гркот Димитрос 4-1, во третото коло го совлада русинот Мамчуровски Данила со 3-2, додека во полуфинале беше подобар од португалецот Касимиро кого го совлада со резултат 4-1.

Во финалето загуби од турчинот Ѓунѓел и така мораше да се задоволи со сребрениот медал, меѓутоа сребро со златен сјај.