Сребро и нов македонски рекорд на 3000 метри за Дарио Ивановски
Викендов на Балканското атлетско првенство во сала, нашиот атлетичар Дарио Ивановски оствари второ најдобро време на трката на 3000 метри и постигна нов национален рекорд.
Ивановски заврши на втората позиција со време од 8:03.65 минути со само 2 секунди заостанување по бугарскиот репрезентативец Митко Ценов 8:01.20 и со овој резултат поситнга нов македонски рекорд на оваа дистанца.
Со овој резултат Дарио Ивановски успеа и да освои и норма (8:05) за Европското првенство во сала кое ќе се одржи во Глазгов, Шкотска.