Србинки ќе се качуваат на Хималаи

Понежниот пол од северното соседство (кобајаги понежниот, тоа сила пука, не додржуе) ќе прават јуриш кон еден врв на Хималаите. Да им посакаме се најдобро, успех во нивниот стремаж, и да им се погоди времето…

Осум Алпинистки од Србија ќе се обидат да го искачат врвот Тарпу Чули (Tharpu Chuli)  со 5.663 метри надморска височина. Експедицијата ќе биде во времетраење од 20 дена и истата е во организација на планинарскиот клуб “Extreme Summit Team”. Дамите кои ќе земат учество во овој предизвик се: Андријана Милетиќ, Билјана Чегар, Јелена Игнатијевиќ, Бранка Берадашевиќ, Билјана Меденица, Весна Џоковиќ и Соња Павловиќ. Водич на експедицијата е Драган Јаќимовиќ.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија