Наслов

Спортски тренд без миризба

Во светот на спортот, пронаоѓачите и производителите водат постојана битка за да се измисли нова технологија која ќе ги надмине останатите во своите перформанси. Со таа цел на пазарот се наметнаа разни трендови кои извршија големо влијание врз изгледот и резултатите во многу спортови.

За некои луѓе трендот претставува подобар изглед со облеката која ја носат, додека за други тоа е можност за полесно спортување и подобрување на спортските резултати. Кај спортските трендови можеме да разграничиме неколку врсти и тоа:

  • Антибактериска технологија (Технологија на материјали склопени во облека која се носи за вежбање и притоа не предизвикува непријатни миризби, бидејќи ги неутрализира микробите кои се виновни за истите) 
  • Опрема која се совпаѓа со животниот стил (Луѓето што вежбаат некогаш сакаат истата опрема да ја носат и во други прилики, а притоа таа да изгледа доволно cool)
  • Еколошко ориентирана опрема (Кај се повеќе луѓе, особено кај младата популација расте трендот на купување еколошко прифатлива облека, изработена од природни материјали како волна, памук и бамбус која иако е нешто поскапа се прифаќа како понатамошна инвестиција за заштита на планетата Земја)
  • Пропустлива синтетика (Синтетички материјал кој е специјално направен за да ја пропушта потта и влагата од телото. Тоа се популарните dry-fit линии, кои за разлика од памукот што впива влага се пропустливи и брзо се сушат. Инаку бамбусот, како природен продукт, исто така има пропустливи својства како и овој синтетички тренд)
  • Припиена опрема (Да се спортува со опрема припиена до телото значи зголемена циркулација до 30%, барем според некои истражувања. Со подобрената циркулација би се подобрила силата, издржливоста како и времето на опоравување. Но, добрата страна на овој тренд е сеуште под истрага за да ја потврди својата веродостојност)
     

Ние избравме да ви ја презентираме облеката за алпинизам и останати надворешни активности на Gramicci кои со овогодишниот роденден ја претставија и нивната нова технологија наречена Natural Performance Technologyтм, која е ослободена од пестициди/хербициди и е со органски сертификат. Тие ги инкорпорираат првите три трендови во своите маици/блузи/дуксери и спаѓаат во групата на издржлива облека составена од 55% коноп (hemp) и 45% органски памук (organic cotton). Овој состав ја прави еколошко прифатлива, а во исто време и антибактериска, лежерна варијанта која без проблем може да се носи повеќе пати без да се испере, како при поинтензивни физички активности така и на излегување со пријателите. Овие супер производи можете да ги купите по прифатлива цена и во интересни варијанти. 
 
За крај уживајте во видеото на официјалниот претставник на Gramicci, про алпинистот Ник Датл кој се занимава со алпинизам повеќе од 10 години, а има ретка генетска болест од која не се поти, но секако тоа не го спречило да успее во магичниот свет на карпите...
 

 

13 Октомври 2012

За авторот