Специјалниот си кажа што му лежи на срце

Жозе „д уан енд оунли“ Мурињо си направи есап за сè што му пречи или тоа што никако не му влегува во глава поврзано со денешните фудбалски генерации. Тој, во интервјуто за списанието “Esquire” изјави неколку интересни ставови.

„Треба да ги одбереш вистинските момци кои ќе успеат и ќе бидат готови да се вложат докрај за тимот. Такви што не мислат за милион повеќе или милион помалку, туку мечтаат да играат фудбал на највисоко ниво“.

„Работиме сериозно за да ги насочиме млади играчи во правилна насока, следејќи го примерот на Франк Лампард и Џон Тери кои се фанатични за да победуваат“.

„Многу често, во соблекувалната на Реал имаше редица од фудбалери пред огледалото додека судиите ги чекаа во тунелот“.

„Како можам да им забранам да твитаат во автобус кога и мојот син и ќерка го прават истото. Треба да се адаптирам на времето……Тоа е современ начин, а младите си држат на тие нешта. Тие се на дваесет, а јас сум ја префрлил педесетката. Ако сакам да работам со деца траба да го разберам нивниот свет“.

„Порано фудбалерите се трудеа да стекнат богатство на крајот од кариерите, а сега, оние кои што се околу нив сакаат да им ги наполнат џебовите уште пред да стапнат во големиот фудбал. Тоа е веднаш по потпишувањето на првиот договор, а уште немаат ни еден натпревар во Премиер лигата или немаат никакво искуство во лигата на Шампионите“.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија