Кајак на диви води

Македонските кајакари доминантни вo Србијa‏

Во рамки на отворенето државно првенство во кајак на диви води слалом, кое се одржа во Ушче, Краљево, Р. Србија на ден 10.08.2014 год. Земаа учество и двајца репрезентативци на Р.Македонија во сениорска и јуниорска конкуренција.

Во сениорска конкуренција настапи Љубомир Спасиќ член на ККК Гемиџии 903 од Велес и Александар Златаров во јуниорска конкуренција член на ККК Илинден 90 од Скопје.
Тие во својата конкуренција беа апсолутно доминантни освојувајќи ги првите позиции.

Во сениорска категорија:
1.Љубомир Спасиќ (МКД)
2.Мирослав Павлович (СРБ)
3.Филип Букара (СРБ)

Во јуниорска конкуренција:
1.Александар Златаров (МКД)
2.Огнен Димитриевич (СРБ)
3.Немања Тодорович (СРБ)

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија