Спасени се пет македонски сноубордери кои залутале вон ски терените во Банско

Вчера на 13.01.2019, планинската спасителната служба во Бугарија изведе спасителна акција на петмина македонски сноубордери кои залутале во непристапен терен надвор од скијачкиот центар Банско. 

Петтемина сноубордери се упатиле вон обележаните ски терени на скијачкиот центар во непознат терен и западнале во стрмен и лавински опасен дел од долината Демјаница. Повикот за помош го испратиле некаде во 18 часот по што била активирана спасителна акција од страна на ПСС (Планинско Спасителна Служба).

Набрзо тие биле лоцирани и веќе во 21 часот биле извлечени од непристапниот терен на скилифтот Шилигарника од страна на тим од 10-тина спасувачи.

Скијачите се во добра здравствена состојба и без повреди, а од спасителната акција беше објавено и кратко видео.

Пред само два дена на другата страна на планината, во лавина животот го загубија две млади лица кои истотака скијале фрирајд вон скијачките патеки.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија