Хулахоп Аеробик

Совршено обликуван стомак со хулахоп

Кога последен пат сте завртеле со куковите на интересен начин без да почувствувате замор и досада?

 

Додека бевте дете се изгледаше полесно. Трчање во жмурка на топка, скокање на ластик на највисоко ниво и вртењето хулахоп беа омилениот дел од вашата забава. Денес, светските професионални тренери и повеќето познати клубови го користат овој реквизит како помошно средство за обликување на женското тело. Некои од нив имаат имплементирано спортови и спортски групи кои го користат како помагало во истегнување, забавно групно тренинрање и како дел од гимнастичките спортови.

Еве кои се придобивките од вклучување на хулахопот како дополнителен реквизит во текот на вашиот тренинг:

*Стегањето на стомачните мускули во текот на самото вртење ги вклучува и оние мали мускулчиња кои се речиси невозможни да се опфатат при текот на регуларните вежби за стомачни (дел од нив се и долните стомачни кои го подобруваат сексуалниот чин),

*Ја зголемува кондиционата спремност при вложување на напор со целото тело,

*Подобро го обликува и тонизира телото на жената и ја истакнува женственоста при кратките “мешања” кои ги вклучува самиот танц,

*Забавен е,

*Може да се користи и за многу поинакви вежби и истегнувања кои не вклучуваат само вртење на тркалото околу струкот.

Единствено овластено место каде моментално се одвиваат ваков вид на тренинзи, со вклучен хулахоп од страна на професионални инструктори со долгогодишно искуство во гимнастика и балет е 60 Минути за неа.