Совет: следен пат фрлете се во базенот со топчиња и вие

Вентилот за испуштање на стресот понекогаш може да биде зарѓавен. Сепак постои место каде и возрасните може да ѝ се вратат на детската радост, а експертите даваат неколку добри причини зошто следен пат и вие да се фрлите во базенот со топчиња…

Интерактивна зимска инсталација на затворено. Може да се посети на Фестивалот за наука во Манчестер. Се состои од 81.000 пластични топчиња за да го разбудите детето во себе…

1. Играта е одличен начин за да ги запознаете луѓето на посуштинско ниво.

2. Прекрасен начин за секој пар да направи реконекција и двајцата да доживеат и истражат нови форми на емоционална интимност.

3. Преку малку повеќе игра во животот може да постигнете многу помали нивоа на стрес.

4. Плус помага за развивање на креативноста и имагинацијата.

5. Играта прави да се чувствувате младо и живо. Доплнително ви дава енергија.

6. Додека се забавувате, истовремено ги развивате своите комуникативни вештини.

7. Како и тимската работа, преку играта развивате сетило за преговарање со другите учесници.

8. Малку време за забава остава простор за полесно да ги решите посложените проблеми.

9. А од друга страна, малку време за разонода се одразува лошо и кај децата и ка возрасните.

10. Запаметете ја најважната работа која отсуствува кај многу игри за возарасни, не е страшно ако изгубите! На крај, отпуштањето на вентилот не мора да биде во базен со топчиња. Облик на игра се и цртањето, боењето, пишувањето песна, градинарењето, се она што вас лично ве релаксира…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија