Шеќерите, тренингот и оралното здравје

Со здрава исхрана до спортски резултати и здрави заби

За време на анаеробниот тренинг, процесот на гликолиза ги разложува јаглехидратите во шеќери коишто организмот ги користи како енергија, без искористување на кислород. После овој вид на вежби, потребно е повторно да се снабдат резервите во телото со гликоген (долгите низи на прости шеќери во телото коишто складираат енергија).

Се покажа дека високоенергетските суплементи го подобруваат перформансот при физичка активност. Исхраната по тренингот е исто толку важна, ако не и поважна од исхраната пред тренингот, бидејќи придонесува за опоравување на мускулите.

Вообичаено, спортски пијалоци како што се „Геторејд” и „Пауерејд” се консумираат за време на и после тренингот поради тоа што ефективно одново го хидрираат телото и ги надоместуваат изгубените минерали и електролити. Брендот на спортски пијалоци „Гаторејд” е создаден во 60-тите години на 20-тиот век, кога Универзитетот во Флорида, Гејнсвил Гејторс ги подобриле своите перформанси со „Гејтор Ејд”. Еден таков пијалок бил направен од глукоза и од сахароза помешани со вода кој им помага на спортистите да ги подобрат своите резултати.

Но, сахарозата која ја има во овие енергетски напитоци влијае негативно на целиот организам и може да доведе до појава на вишок масти, зголемено ниво на триглицериди, пркумерна телесна тежина но исто така важно може да влијае на оралното здравје и појава на кариес.

Белиот шеќер, односно сахарозата ги оштетува забите, го оштетува енамелот и глеѓта со што доаѓа до болен загриз (чуствителни на топло и ладно) и неквалитетно џвакање на храната. Но ова не значи дека треба да не јадеме благо, и кај нас постојат одредени прозиводи кои содржат засладувачи од јачменов слад,ориз и др..

За разлика од белиот шеќер, медот е извонредна храна, која по својот состав во целост одговара на физиолошките потреби на човечкиот организам и во многу случаи може да биде корисна замена за белиот шеќер. Главен извор на квалитетен шеќер би требало да бидат житариците, коренестиот зеленчук и овошје и нивните производи. И се разбира треба да се внимава на oралната хигиена и миењето на забите после секое јадење и нормално посета на стоматолог.