УНИВЕРЗАЛЦИ ИТААТ КОН ПРВАТА ЛИГА

Универзалци атакуваат на Првата лига

Во сабота во Штип ќе се одржи квалификационен боксерски турнир за кои екипи ќе се натпреаруваат во ПРВАТА МАКЕДОНСКА БОКСЕРСКА ЛИГА. Тренерот на Б.К ,,Универзалци“ Васко Цубалевски е задоволен од јачината на екипата и се надева на голем успех во лигата. 

Универзалци на располагање во своите редови ќе ги имаат државните прваци: Марко Стојаноски и Давуд Реџиќ. Оваа година боите на ,, Универзалци “ ќе ги бранат и Филип Филиповски, Лука Лазов, Андреј Стојановиќ и други . Тренерот Васко Цубалевски очекува ,,Универзалци“ да се претстават во најдобро светло и како и до сега да бидат најдобри меѓу најдобрите !!!