Изгубените корени на сноубордингот

Наслов

Сноубордот постои уште од време турско

Пишувајќи ја нашата претходна статија поврзана со корените на сноубордингот во 60-тите години од минатиот век, никогаш не наидовме на информациите за селото Петран во североисточна Турција каде „снегштиците”, односно практиката за возење на обични даски со врвка по длабокиот снег биле присутни, што би се рекло уште од време турско... 

Планините Качкар (високи повеќе од 3000 метри над морето) каде се наоѓа селото Петран се лоцирани во североисточниот дел во Турција на граница со Грузија. Токму овдешните мештани тврдат дека даските за скијање низ снегот кои постојат уште од 1700-тите години кога и започнала традицијата.

Даските кои се користат се екстремно слични на таканаречената „снурф штица” која Шерман Попен ја измислува во Мичиген во 60-тите години за која се смета дека истата претставува зачетокот на сноубордингот. Историјата на сноубордот преку фактите за Шерман и Бартон во подоцнежните години е неспорен, меѓутоа, многу веројатната потреба за подрането измислување на ваква направа од луѓето во овие краишта заедно со изолираноста на селото во никој случај не смее да бидат занемарени.

Дизајнот е релативно едноставен со неколку приковани штици и закривен врв со помош на пареа каде е прикачена врвка со која се помага возењето на снегот. Базата на сноубордот се мачка со кравја маст, а во слободната рака луѓето држат стап (сличен како кај корените на скиите во затуцаните локации на денешна Кина) кој го користат за управување. 

Краткото филмче Foothills: The Unlinked Heritage of Snowboarding прикажано погоре следи една сноуборд екипа која оди да го истражи овој предел и се наоѓа со локалниот човек Хазир кој потекнува од селото и во денешните денови се обидува да ја зачува традицијата на возење даски во живот... 

08 Ноември 2016

За авторот