Мотивирајте се за трчање во зима

Ниските температури нè влечат поблизу до грејните тела, а подалеку од патеките за трчање и она спонтаното облекување на патики и еден час луфтирање станува сè потешко и потешко. Како да се мотивирате кога зимата ве демотивира?

ЗАЦРТАЈТЕ ЦЕЛ

Не мора тоа да биде нешто големо, но мала корекција на дистанцата која ја трчате или подобрување на брзината може да бидат одлична цел која ќе ве мотивира да ја одржувате формата за претстојната тркачка сезона. А и малите чекори најчесто водат до големи резултати.

Инталирајте апликација за следење на вашите резултати, со која лесно ќе можете да во воочите прогресот и тоа ќе ви даде дополнителен мотив за да го направите и следниот тренинг.

ОПРЕМЕТЕ СЕ СООДВЕТНО

Секогаш имајте соодветна опрема, што особено е важно во зимскиот период. Никој не сака да смрзнува или пак да се препотува додека ја прави омилената физичка активност. Најчесто base layer од материјал кој брзо се суши, хеланки до глужд и тенка јакна што ќе штити од ветер се доволни за трчање на нискитемператури.


ОБЛЕЧИ СЕ СООДВЕТНО ЗА ЗИМСКИ АКТИВНОСТИ


НАЈДЕТЕ ДРУГАРЧЕ

Нема подобар начин да станете од зимското легло освен да си најдете другарче со кое взаемно ќе се мотивирате. Исто така во друштво полесно се трча, а ќе се одржи и натпреварувачкиот дух во вас. Ако не можете да најдете другарче, вашето куче е одличен партнер за тренинг.

ПРИЈАВУВАЈТЕ СЕ НА ТРКИ

Иако со помал интензитет, сепак трки се организираат и во зима. Не пропуштајте шанса да бидете дел од некоја трка. Не мора да биде ништо долго, напорно и специјално, но ќе ви даде мотив за некој дополнителен тренинг, а и ќе бидете во друштво на луѓе со кои делите иста пасија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија