Наслов

Смртоносен викенд на Алпите

Изминатиот викенд во делови на италијанските, француските и швајцарските Алпи загинаа вкупно 14 луѓе на планина, последица на невреме кое ги зафати повисоките делови од планинскиот масив. 

Бурата следела по период на топло време и температури повисоки од вообичаените и зафатила повеќе групи или соло планинари/скијачи на различни локации. Температурите бргу паднале под нулата и следела снежна бура со силен ветер во текот на ноќта. 

Најголема од зафатените групите беше 14-члена ски-туринг група на патеката Хаут Рут која во близина на домот Вињет била зафатена од снежното невреме. 

Водачот на групата Марко Кастиљони се упатил да побара помош но загинал по пад од карпа, а неговата сопруга со бугарско потекло Калина Дамјанова истотака го губи животот. Следниот ден групата е пронајдена од спасувачите но починуваат вкупно 7 луѓе, најмногу од хипотермија. 

Други изолирани случаи се руски алпинист по кој се уште се трага (претпоставка е дека е мртов), двајца француски скијачи зафатени од лавина под врвот Мон Блан, двајца други качувачи се пронајдени по неколкудневно пребарување, како и двајца швајцарски планинари. 

Со вкупно 14 изгубени животи ова претставува најголема досегашна трагедија во Алпите, по онаа во 1999 година кога 12-мина загинаа во лавина близу швајцарскиот град Еволен. 

03 Мај 2018

За авторот