Наслов

Следете ја македонската трчачка екипа на 100-те милји на Истра 2016

Викендов на четвртото издание на најголемата треил трка во Хрватска, меѓу повеќе до 900 натпреварувачи учество ќе земе мешана македонска екипа која ќе настапи на сите четири трки од овогодинашното издание. Вкупно 15 наши тркачи, заедно со пријателките од Америка, Шкотска и еден Србин се веќе во Умаг и се спремни за старт. 

100 Милји Истра претставува најголемиот настан во планинско трчање во Хрватска кој во своите четири години има прераснато во вистинско уживање и широко позната интернационална трка. Оваа година на репертоарот се 4 големи трки, на 160км т.е. 100 милји, 110км, 67км и 42км. а нашите 15 луѓе заедно со тројцата пријатели од Србија и Америка се веќе во Умаг и ни ја доловуваат атмосферата преку неколку фотографии. 

Жикица Ивановски е веќе има стартувано на трката од 100 милји - во превод 160 километри со 6500 метри висинска денивелација. Пенева Тања, Светлана Стојановска, Димитар Поповски, Дејан Крле, Игор Пирковски, Игор Јовановски, Игор Јосифов и пријателот Синиша Станковиќ се на трката од 110 километри со 4300 метри висинска која стартува вечер на полноќ. 

Тања Манчева, Игор Делов и Михаил Стефанов се на трката од Бузет до Умаг која е со должина од 67 км. и 2200D+, а Мартина Милева, Ивана Грче, Трајче Панковски, Софија Панковска, Ејми МекГолдрик од Америка и Морвен МекЛин од Шкотска се на трката од Мотовун до Умаг - 42км со 1000D+

На сите контролни точки од трките ќе има во живо следење на тркачите на stotinka.hr па доколку имате желба да видите како им оди потребно е само да ја најдете трката во која учствуваат и на филтерот да побарате по име, презиме или држава.

Нашиот тим им посакува добро време и лесни нозе, а на вас ви препорачува да ѕирнете како беше мината година на овој ЛИНК

15 Април 2016

За авторот