Скопје трча 10КМ: Изненадување од Виз Ер Скопски маратон

Организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон подготвува нова трка во спортскиот календар на градот. Скопје трча 10КМ е изненадувањето кое се креира долго време и кое цели кон воспоставување на уште една спортска манифестација која ќе ги поткрепи темелите на спортот во Македонија и Скопје.

„Трчањето во Скопје станува секојдневие. Секој ден ги гледаме луѓето расположени и полни со енергија како вежбаат по улиците и на кејот на Вардар. Трките и маратоните кои се организираат низ цела Македонија се причината зошто ова хоби и поради нив спортскиот начин на живеење стана толку значаен дел од нашето општество. Многу ни е драго што успеавме да додадеме во делот на овој спорт каде здравјето и спортувањето е приоритет.

Со Скопје трча 10КМцелиме да го исполниме овој дух и да додадеме уште еден натпревар за уживање во период кога треба да задоволи гладот на сите кои го сакаат трчањето и спортувањето.”, истакна Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје. Таа додаде дека очекува Скопје трча 10КМ да добие замав со текот на годините.

„Пријавувањето за Скопје трча 10КМ го отворивме пред една недела и очекуваме голем интерес од сите кои ги знаеме. Од тркачите кои обожаваат да се надминат, да ги покорат новите предизвици им ја нудиме оваа трка од 10 километри во време кога е совршено да си ги одмерат силите. Сакаме ваквиот вид на улични трки да е темел на трчањето во Скопје. Покрај Виз Ер Скопски маратон ова е уште една етапа во остварување на оваа желба”, рече Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон. Синадиновски ги повика сите кои го сакаат трчањето да се пријават на Скопје трча 10КМ и додаде дека стартните пакети ќе се подигаат на 7ми октомври во СЦ „Борис ТрајковскИ”.

Скопје трча 10КМ ќе се одржи во недела, на 8ми октомври 2017, долж улиците на главниот град. Со ова од Виз Ер Скопски маратон потенцираат дека сакаат да започнат нова традиција во одржувањето на уличните трки. Покрај Виз Ер Скопскиот маратон и Женската трка претстојната Скопје трча 10КМ е уште еден сегмент на промоција на спортскиот начин на живеење и сите доблести кои го следат овој животен стил.

Покрај трката на 10 километри ќе се одржи и штафетна трка на 2 х 5 километри. Во склоп на трката на 10 КМ интересно е да напоменеме дека ќе има и тимско натпреварување а со тоа компаниите очекуваме повторно да ги одмерат своите спортски сили.

Скопје трча 10КМ (Skopje Run 10K) се организира од страна на Сојуз на спортови на Скопје, Атлетски клуб Работнички и Атлетска Федерација на Македонија. Пријавувањето започна во петок, 15.09.2017, и секој кој е заинтересиран за регистрација може да ја посети официјалната веб страна

Генерален покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за Млади и спорт, помогната од партнерите и спонзорите. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА), а од следната година е предвидено да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).

Стартните пакети ќе се подигаат на 7 октомври во Спортскиот Центар Борис Трајковски.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија