Наслов

СКК Екстрем во посета на Демир Капија

Во неделата на 26.04.2015 бевме на еднодневно качување во Демир Капија. Низ тунелите влеговме до секторите ВДД и Колосеум. Бевме позитивно изненадени...

Бевме позитивно изненадени, местото под ВДД е проширено, израмнето и природата и пристапот се многу поубави од предходно. Прво мислевме дека работниците средувале, после видовме дека нагоре по целиот тек на реката е проширено.

Веројатно после дождовите, реката си средила работа. Идеално е за кампување и има потенцијал за нови насоки откако ќе се завршат тунелите. Сигурно ќе го посетиме пак некој од престоните викенди. Фотки во прилог...

       

        

29 Април 2015

За авторот