Комерцијален текст

Скијање во Италија – Март 2014

Помеѓу највисоките врвови на Централните и Источните Алпи, Вал ди Соле е една од најголемите долини која изобилува со врнежи од снег. Вал ди Соле претставува најголемиот скијачки регион во западниот дел од Трентино , кој го сочинуваат 3 ски центри: DOLOMITI DI BRENTA, PASSO и PEIO.

Ски центрите PASSO TONALE (благодарение на ски лифтовите на глечерот Presena ) и PEIO ( со својата нова жичарница “PEJO 3000”) нудат можност за скијање на висина од 3000 метри н.в. и одлични услови за скијање во Март и Април.
Неверојатни ски патеки нуди и ски центарот DOLOMITI DI BRENTA на падините на планината Groste, со патеки во должина од 150 км, достигнувајќи надморска висина од 2500 метри.
Во Вал ди Соле ќе најдете одлични ски школи, снежни паркови, најнова ски опрема за изнајмување (цената е околу 50 ЕУР за комплет ски опрема за 6 дена) и јавен превоз до ски лифтовите. 

Цена по лице:

29 март – 05 април 2014

269 €

Во цената е вклучено:
– Превоз на релација Скопје – Вал Ди Соле – Скопје во високотуристички автобус (клима, ТВ)
– Престој во 1/2 или 1/4 апартмани (bilo или mono standard) на база на 7 ноќевања во комплексот Residence Kristall (http://www.residencekristall.com/en/)
– Трансфер до ски терените
– Финално чистење на апартманите
– Постелнина, пешкири, користење на вода, струја и парно, финално чистење
– Организација и водство

Во цената НЕ е вклучено:
– Ски карта за 6 дена: 105 €
(SUPERSKIRAMA, валидна во ски центрите: FOLGARIDA-MARILLEVA-MADONNA DI CAMPIGLIO-PINZOLO, PEIO, PASSO TONALE) – сите ски центри се меѓусебно поврзани со ски лифтови или ски бус и се лесно достапни:
– Можност за доплата за оброци (цените се по лице од ден): појадок 5 € / полупансион (доручек и вечера) 17 € / само вечера 13 € / на денот на пристигнување „Специјална понуда” (welcome offer): пица + пијалок (0.20 мл) 6 €
– Патничко и здравствено осигурување

ОПИС НА АПАРТМАНИТЕ:

Residence Kristall апартманите се лоцирани во Marileva 900 на само 100 метри од ски лифтот кој води до ски патеките во Marilleva – Folgarida кои се поврзани со ски лифтови и жичари со Madonna di Campiglio.
Оддалечени се 800 метри од селото Mezzana, блиску до автобуската станица од каде поаѓаат сите ски буси до Passo Tonale и Pejo и на само 150 метри од железничката станица. Комплексот Ressidence Kristall има вкупно 38 апартмани (секој со комплетно опремена кујна), рецепција, заедничка ТВ соба, бесплатен интернет во заедничките простории.
Тип на апартмани:
Bilo Standard:
дневна соба со два кревети, целосно опремена кујна, спална соба со два кревети (bunk bed), купатило со туш и фен. Вкупно 4 лица со можност за 5-ти кревет.
Mono Stuido:
дневна соба со софа, целосно опремена кујна, купатило со туш и фен. Вкупно 2 лица со можност за дополнителен кревет.

ОПИС НА СКИ ЦЕНТРИТЕ:

DOLOMITI DI BRENTA (Folgarida – Marilleva, Madonna di Campiglio, Pinzolo)

Ски центрите Folgarida – Marilleva, Madonna di Campiglio и Pinzolo, се поврзани со 62 ски лифтови и ски патеки во вкупна должина од 150 км. Сите 3 ски центри може да ги скијате,а без притоа да треба да ги извадите вашите скии. Четирите жичарници (две од Folgarida, една од центарот на Вал ди Соле – Даоласа и една од Marilleva 900) водат дирекнто до ски центрите.

PEIO

Peio е еден од најстарите туристички ресорти во регионот на Трентино. Патеките за скијање се спуштаат низ деловите од Monte Vioz се до градот, во уникатниот и магичен амбиент на националниот парк Stelvio. Сега и со новата жичарница „PEJO 3000″ и со новата скијачка патека „Pista dei Мonti”, дури и најдобрите и најпребирливите скијачи можат да го испробаат Ски центарот – Peio.

PASSO TONALE

Овој ски центар е лоциран меѓу регионите Трентино и Ломбардија и нуди можност за скијање во доцна есен, како и на пролет, благодарение на ски лифтовите на глечерот Presena кој се наоѓа на висина од 3000 метри. Passo Tonale располага со 30 модерни лифтови и 100 км ски патеки со природни врнежи од снег, но исто така е опремен и со комплетен систем за вештачки снег.

Информации и резервации: www.nolimit.mk / [email protected] / 078 200 436 / 02 61 50 848