Наслов

Скијачката ѕвезда Тина Мазе потпиша за Еуропсорт

Еуроспорт денес објави дека скијачка Тина Мазе се придружува на ѕвездената екипа на спортисти кои на Еуроспорт ќе ги следат зимските игри и се подготвуваат за пренос од Пјонгјанг.

До свеченото отворање на Олимписките игри останаа помалку од 500 денови и Тина Мазе се придружува на тимот спортски легенди во чиј состав се тројниот освојувач на олимпиското злато, биатлонецот Михаел Грејс и легендата на скијачките скокови Адам Малиш.

Денешната вест ја следи одлуката на Тина Мазе за службениот крај на нејзината фантастична професионална кариера. Планирано е Тина од натпреварувачкото скијање да се повлече во јануари, на трката во родниот Марибор.

Мазе со своето големо искуство во натпреварувачкиот дел на гледачите ќе им го приближи светот на професионалните спортисти, преку интервјуа пред и по натпреварите, како и ќе дава тактички анализи во текот на целата сезона.

„Јас сум многу задоволна што се придружувам на Еуроспорт семејството и сум благодарна на можноста кариерата да ја продолжам во спортот кој го сакам", изјави Мазе.

„Ништо не може да го замени напливот на адреналин кога се натпреваруваш на Олимписки игри или на Светски куп, но ово е ново поглавје во мојот живот, се радувам и се надевам дека на навивачите ќе им овозможам и друга перспектива на акцијата во текот на натпреварувањето."

Во јуни 2015 година Дискавери Комуникејшнс и Меѓународниот Олимписки комитет потпишаа договор кој на Еуроспорт му ги осигурува ексклузивните телевизиски и мултиплатформни права за следните четири Олимписки игри, вклучувајќи ги и зимските во Пјонгјанг во 2018 и Пекинг во 2022 год во 50 земји и територии низ Европа.

Главниот извршен директор на Еуроспорт Питер Хатон додаде:„Горди сме што Еуроспорт може да го наречеме Дом на зимските спортови, бидејќи ги пренесуваме светските купови и првенства во сите водечки зимски дисциплини. Со доаѓањето на Тина во нашиот тим, гледачите ќе имаат најдобар можен увид во скијањето."

„Соработката со Тина ни е многу важна бидејќи се спремаме за ЗОИ. Таа е единствената личност која никогаш не се плаши да го каже тоа што го мисли. Зборувам во името на целиот тим на Еуроспорт кога кажувам дека сме радосни на оваа соработка во следните месеци и години."

Еуроспорт и оваа сезона ќе се потврди како „Дом на зимските спортови", почнувајќи од овој викенд во Зелден кога започнува ФИС Светскиот куп (сабота, 22 октомври). На Еуроспорт од октомври до април ќе се прикажат повеќе од 800 часа пренос во живо или одложени преноси, вклучувајќи ги и 11 светски првенства на зимските спортови.

Еуроспорт секој викенд ќе го емитира магазинот „Винтерспорт Екстра", во кој ќе се прикажува прегледот на најдобрите зимски акции од целиот свет, со дополнително следење на уметничко лизгање и карлинг.

21 Октомври 2016

За авторот