Силна конкуренција на Beach Run 2016

По две истрчани трки во Скопје и Претор, се оформи првиот изглед на табелата од летната серија трки на 5 километри покрај плажа, според кој македонската елита во трчање најавува неизвесен исход до последната трка.

На вчера одржната трка во Претор, најдобри кај девојките беа Марија Стојановска, Милена Чкрипеска и Весна Киреџиева, а кај машките Дарио Ивановски, Игор Јакимовски и Муџахид Мислимоски.

Претходниот викенд на првата трка во Скопје на победничкиот подиум се искачија Весна Кираџиева, Марија Стојановска и Адријана Поп Арсова кај девојките, и Кокан Ајановски, Игор Јакимовски и Атанас Анчевски кај машките натпреварувачи.

По првите две трки, во вкупен пласман, во женскиот ранкинг прва е Марија Стојановска со 45 бодови, втора Весна Кираџиева со 42 и трета Марго Бојаџиева со 25 освоени бодови, додека кај машките прв е Игор Јакимовски со 40 бодови, втор Атанас Анчевски со 31 и трет Пепи Анакијев со 25 бодови.

На секоја од поединечните трки, победниците освојуваат парични награди во вкупен износ од двесте евра, а финалните победници на целата серија ќе бидат наградена со врвна спортска опрема за трчање од производителот Најки.

Следната трка од серијата ќе се одржи во Дојран, во недела на 17 јули.

Серијата ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје во соработка со локалните самоуправи и со поддршка од Најки, Форд, Горска, Пакомак, Swiss Contact и Антена5 Радио.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија