Шуми одјава!

Насловот најдобро ја опишува моменталната состојба на 43 годишниот седумкратен шампион, кој реши да се пензионира до крајот на годината, и кој сериозно размислува во пензионерските денови да се занимава со јавање.

Возачот на Мерцедес кој е фан на каубојски кошули и чизми, а поседува и ранч во Швајцарија, изјави дека по завршувањето на четирите трки до крајот на сезонава, не планира да се враќа на било кој друг моторен спорт.

“Формула 1 нуди максимум во однос на емоции и брзина. Ниту еден друг автомобил нема да ми ја даде истата возбуда и затоа запирам тука, комплетно. Имав две различни кариери, една во која добивав се, и друга во која сфатив што значи да изгубиш“, изјави Шумахер.

Најтрофејниот возач во историјата на Формула 1 одлучи да се врати во пензија и покрај тоа што доби понуди од неколку други тимови за да ја продолжи кариерата. Шумахер, прв пат се пензионираше во периодот од 2007-2009 година, но четири години подоцна реши да му се врати на овој спорт и потпиша договор со Мерцедес. За време на паузата учествуваше во неколку велосипедски настани, како German Superbike Championship.