После Сочи, банџи
Откако завршија зимските олимписки во Сочи, дестинацијата меѓу Кавкаските планини и Црното Море има намера да стане една од најсериозните локации за банџи скокови во светот со новиот, гигантски висечки мост. И одиме, четири, три, два, аедин…
Во градот домаќин на ЗОИ 2014 минатата недела беше отворен најдолгиот висечки мост за пешаци кој е со распон од 440 метри, а примарно е направен не затоа што некој ќе преминува преку него, туку затоа што нуди 207 метри слободен пад со банџи од него.
Иако не е највисоката дестинација за банџи скокови (највисокиот скок се наоѓа во Лас Вегас кој е 45 метри повисок) AJ Hackett Sochi Skypark има намера да стане една од водечките локации за овој адреналински предизвик кој тука е збогатен со неверојатни пејсажи на Кавказот.
Еве како на камера изгледа моментот кога после оние „четири, три, два, аедин“ човекот се губи во длабочината на тие 207 метри.