Што ќе ти падобран

Дали е можно да слеташ без падобран? Да. Дали може да останеш без гребнатинка? Речиси да. Дали Англичанецов е луд? Дефинитивно да!

Каскадерот Гери Конери годинава во Англија го изведе досега единствениот скок со летачки костум, но без падобран! Гери слета на писта направена од 18,600 картонски кутии и успеа да се извлече без гребнатина. Луѓето кои ги поставуваа кутиите беа малку нервозни со оглед на тоа што повеќе од 75% од кутиите не беа чепнати при слетувањето, но што си е сигурно, сигурно си е!

Скокот беше направен од хеликоптер на висина од 730 метри по што Гери успеа да го исконтролира својот лет и да атерира право на вештачки направената писта. После скокот тој изјавува „Моите калкулации беа точни и мило ми е поради тоа.“

Шанцова крагна? Тука.
Кацига? Тука.
Костум? Тука.
Падобран? Не.
Памет? Ич!
Храброст? Богами.