Што е имуниот систем и како да се зајакне?

Човечкото тело има внатрешен механизам со кој се штити. Овој механизам е познат како имунолошкиот систем. Имунолошкиот систем е комплексна мрежа на клетки, ткива и органи кои работат заедно за да го заштитат телото од вируси и бактерии.

Белите крвни клетки, познати како леукоцити, претставуваат многу важна група на клетки кои го прават имунолошкиот систем. Тие се во два основни типа и работат заедно за да пребаруваат и уништуваат бактерии кои предизвикуваат воспалениа, акутни состојби или болест. Микробите може да бидат бактерии, паразити итн. Покрај тоа, вирусите, исто така, го напаѓаат човечкото тело. Во повеќето случаи, телото се заштитува ефикасно без личноста да знае дека организмот е нападнат.

Со цел имунолошкиот систем да функционира правилно, компонентите мора да одржуваат рамнотежа и хармонија. Откриено е дека голем број фактори се важни за тоа да се случи. Меѓу нив се и физичкото вежбање и здравата исхрана.

Општо земено, добар начин за зајакнување на имунолошкиот систем е усвојувањето на здрав начин на живот кој помага да се зајакне и поддржи виталната улога на имуниот систем. Во суштина, треба да се направат промени во животниот стил и да се избегнат одредени навики кои се штетни за здравјето на телото.

Усвојување здрав начин на живот

Првата линија на одбрана е да се избере здрав начин на живот. Здравата исхрана и движењето е најдобриот чекор за одржување на силниот имунолошки систем

– Избегнувајте задимени простории и не пушете. Користете маски за пм честички доколку воздухот во околината има висока концентарација на ПМ честички

– Консумирање на диети кои содржат многу овошја, зеленчук, житарици и храна кои имаат мали количини на масни киселини. На пример, треба да се избегне путер, кој се состои од животински маст и маргарин, кој се произведуваат од хидрогенизирано масло. Внесувајте доволно течност и балансирајте го внесот на термички обработена храна. 

– Редовно вежбајте и престојувајте во природа. Подобрената циркулација ќе овозможи елиминација на метаболитите од телотот и ќе го обнови клеточните слоеви.

– Одржувајте нормална тежина на телото
– Избегнувајте преголема и неконтролирана употреба на алкохол
– Спијте доволно и одржете правилен биоритам, а воедно избегнувајте стресни ситуации и гризете се за своето психичко здравје.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија