Шпаркасе и Смилков ќе трчаат за хуманост

ШПАРКАСЕ‬ Банка преку хуманата акција ‪‎ТРЧАМЕ ЗА ХУМАНОСТ‬ ќе донира финансиски средства како помош за понатамошно лекување на Јовица Блажевски и Марга Велеска, кои боледуваат од церебрална парализа.

Тимот на Шпаркасе Банка кој ќе биде предводен од маратонците Александар Смилков и Александар Димитровски, со секој истрчан километар ќе придонесат во собирањето на потребните парични средства за лекувањето на Јоце и Марга, а Смилков ќе и помогне на Марга да биде дел од екипата и таа да стигне на самата цел со својата инвалидска количка.

Покрај Смилков и Димитровски, кои ќе ја трчаат маратонската патека, Шпаркасе тимот ќе учествува во полумаратонската и во хуманитарната трка. Граѓаните, компаниите и сите хумани луѓе, својата донација за понатамошното лекување на Марга и Јовица може да ја уплатат на сметката 250-0000000001-11 со повик на број корист 2924000628 – со назнака “Хуманитарна донација за лекување на Јовица Блажевски и Марга Велеска”, најдоцна до 31 мај, 2015 година.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија