Шесто издание на Крали Марко Треилс – Планинско трчање, насмевки и задоволство

Овој викенд со старт и финиш во амфитеатарот во најстарта прилепска населба Варош се одржа шестото традиционално издание на најголемата трка во планинско трчање Крали Марко Треилс – „По стапките на Крали Марко”. Оваа година КМТ беше и најмасовно посетена со преку 400 учесници во сите четири трки и настанот, а преку најдолгата трка во изданието, настанот официјално прерасна во најдолгиот ултрамаратонски подвиг во Македонија.

Крали Марко Треилс е трка во планинско трчање која се одржува од 2011 година во околината на градот Прилеп, поточно на Марковите Кули и делови од планината Бабуна. Таа е и првата македонска трка во планинско трчање со поголема дистанца која низ годините постапно растеше со интересот на натпреварувачите.

Оваа година изданието беше составено од три трки за возрасни и една детска. Најдолгата од сите која го носи името Крали Марко Ултра Треил, впрочем, беше и првата ултрамаратонска трка со должина од 90 километри во Македонија која делумно се одвиваше и во ноќ. Интересот на истата беше на одлично ниво со пријавени 60 учесници од кои стартуваа 49, а во дадениот лимит од 22 часа ја завршија вкупно 38 натпреварувачи. Трката беше исполнета со висинско искачување и спуштање од 4300 метри по сериозни технички тешки и диви терени.

Другите две помали трки на 16 и 31км (Трескавец Треил и Камена Баба Треил), пак, имаа одлична посетеност со вкупна бројка од преку 240 луѓе. Самиот пејзаж, уникатноста на теренот, приказната за Крали Марко и мистичните елементи на манастирите низ трката ја прават Крали Марко Треилс една од најпосакуваните авантуристички настани за голем број на спортисти, рекреативци и туристи.

Покрај трките за возрасни, се одржа и трка за деца – Маркукуле Треил на која учествуваа околу 80 дечиња од околните училишта.

На КМТ 2016 имаше натпреварувачи од 14 држави меѓукои и Финска, Австралија, Полска, САД, најбројни комшиски држави беа Бугарија и Србија, а нашинци имаше преку 230.

Целосните резултати на учесниците се дотапни во делот РЕЗУЛТАТИ на веб страницата www.kmt.mk

Победници на трките се:

Крали Марко Ултра Треил 90К 4300D+

Марија Митева Николова – Бугарија – 13:04:23
Мери Мирческа – Македонија – 15:29:52
Десислава Цветанова – Бугарија – 18:38:37

Иваило Атанасов – Бугарија – 12:14:57
Александер Спасов – Бугарија – 13:04:10
Константин Александров Атанасов – 13:04:14

Камена Баба Треил 31K 1250D+

Одри Вурхес – САД – 3:53:21
Тања Стојановски – Србија – 3:55:18
Сања Каваз – Босна и Херцеговина – 4:05:05

Александар Стојкоски – Македонија – 3:00:56
Александар Кирковски – Македонија – 3:05:01
Филип Симоновски – Македонија – 3:05:01

Трескавец Треил 16К 800D+

Бојана Наумовска – Македонија – 1:54:34
Милена Чкрипеска – Македонија – 1:56:44
Мери Чкрипеска – Македонија – 1:59:42

Атанас Анчевски – Македонија – 1:25:31
Петар Анакијев – Македонија – 1:38:09
Димитар Петровски – Македонија – 1:38:11

Организатори на настанот се здружението за планинско трчање ТРЕКС, ПСД Макпетрол и Општина Прилеп.