Шејкероски стана дел од стручниот штаб на Локомотив Пловдив

Михајло Шејкероски-Шани кој до неодамна беше дел од Фудбалската Акедемија “Пандев” веќе од Јануари 2016 ќе биде дел од стручниот штаб на црно-белите од Пловдив како нивен кондициски тренер. Интересен факт е што Шејкероски долго време работеше  во таборот на вечниот ривал на Локо,  Ботев Пловдив. 

Досега во Локо Пловдив работеа неколку тренери од Македонија: Драган Канатларовски, Жикица Тасевски и Зоран Штерјовски, а додека во моментов Зоран Балдовалиев и Ванчо Трајанов се македонските интернационалци кои ги бранат боите на Локо. 

Добив предлог од претседателот на Локомотив Пловдив, Христо Крушарски да станам дел од нивниот тим. Понудата со задоволство ја прифатив и ова за мене е голем кам бек на фудбалската сцена во Бугарија” Изјави Шејкеровски


                      Интересно – ПЛОВДИВСКОТО ДЕРБИ СО МАКЕДОНСКИ ШМЕК


 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија