Планинарската традиција на Титов Врв – Интервју со Јован Божиноски

Овој викенд пред нас е 37-то традиционално искачување на Титов Врв во организација на планинарскиот клуб „Љуботен” – една од најстарите континуирано организирани планинарски акции во Македонија. Сакајќи да дознаеме нешто повеќе околу организацијата на турата во минатото и денес, за планинските спортови и нивниот развој во Македонија, но и за туристичкиот потенцијал и еколошкиот статус на Шар Планина, поразговаравме со Јован Божиноски – долгогодишен активен член и претседател на клубот, планински водич и туристички работник и координатор на повеќе проекти за унапредување на туризмот и заштита на биодиверзитетот на Шар Планина. 

Повеќе за настанот кој е закажан за овој викенд 26-27.05.2018 – може да прочитате тука


Традиционалната акција на Титов Врв е една од најстарите и најмасовините во Македонија. Раскажете ни некои детали за истата?

Почетоците на настанот се од 1980 година, но организирано искачувањете на Титов Врв од страна на членовите на клубот се одвивало уште од самото преименување на врвот (1953) и градењето на кулата (1957). Бидејќи името е Титов Врв, а роденденот на Ј.Б. Тито е на 25 Мај, а потоа и денот на младоста, членовите на клубот во сопствена режија организираат искачувања на врвот. Овие искачување не биле традиционални и на истите учество земале само членовие на клубот. Со смртта на Ј.Б. Тито, на 25 мај 1980 година се организира првото меморијално искачување на врвот. Од таа година па натака, секоја година се организира ова искачување како меморијално. Ова трае се до почетокот на деведесетите кога настанот станува традиционален и до ден денес се одржува.

Вкупниот број на искачени планинари досега e 23,807. Во периодот на осумдесетите бројката на искачени планинари во просек е 700, оваа бројка во периодот на деведесеттие е 300, за да во периодот од 2003 до 2011 година бројката оди во нагорна линија и да во 2016 година достигнеме бројка од 1350 искачени планинари на Титов Врв. Овие бројки не ги споменувам за да влеземе во некој натпревар, бројките покажуваат колку е значајно нивото на организирање на настанот, колку масовно почнува да се користи планината и колкава е директната туристичка посетенот на Попова Шапка и Тетово во тие денови, (индиректната е уште поголема нели). Детали има уште многу но сепак, да оставиме нешто за посетителите да разберат и слушнат и на самиот настан.

Паралела помеѓу некогаш и денес?

Ова е нешто што и јас постојано, посебно во последно време сам се прашувам. Огромни се разликите, некогаш и денес. Луѓето, условите, променетиот начин на секојдневниот живот, разликите меѓу луѓето, не вреднување на заедничкото/ општественото, вредностите и уште многу други работи, се е различно. Имам полно право да го коментирам ова, бидејќи сум навлезен во многу детали од историјата на развојот на планинарствто на Шар Планина, нели сепак сум член на најстариот активен клуб во Македонија, Љуботен, формиран 1925 година. Некогаш и денес.

Откако почнавме да го реновираме домот на Љуботен, постојано се прашувам: на кого било полесно да го прави овој дом, на членовите на клубот во 1931 годна или нам денес? Дали во 1931 година ги имале истите услови кои ние денес ги имаме? (технологија на материјали, превозни сретства, отворен пат). Дали со коњи и без пат им било полесно за една година да го изградата првиот планинарски дом во Македонија? Некогаш и денес, да има разлика, ние имаме нешто што тие некогаш немале, но денес, ние немаме нешто што тие некогаш го имале.

Исто е и за организацијата на планинарските настани. Технологијта на опрема пред 30 години и денес, е доста различна нели, но сепак и тогаш, конкретно за настанот „Титов Врв” во 1986 година се искачиле 1250 планиари на врвот. Некогаш и денес, е сосема различно, но тоа е она што на сегашните генерации треба да им е пример за почитување на вредностите и традицијата кои некој пред нас, а и некој после нас ќе ги негува и продолжува.

Активниот начин на живот и планината стануваат се подостапни во нашето секојдневие. Во која насока се развива планинарството во Македонија, наспрема налетот на големиот интерес за „користење” на планината за спорт и рекреација?

Болна тема за мене е планинарството во Македонија. Планинарството е на ниско ниво иако има огромен наплив на корисници на планината за спорт и рекреација. Ниското ниво е благодарение на сите нас. Да, сите нешто правиме, но дали тоа го правиме како што треба? Иако имаме традиција на планинарство и на планинарски клубови, во Македонија немаме традиција за движење на планина и активности на планина. Тоа е она што планинарството и нас не става на ниско скалило. Затоа денес ни се случува ова што го имаме. Да, сите сме виновни и клубовите и Федерацијата, инститиуцуиите, општинте, регионите, државата, сите. За сите пооделно можам да нагласам и зошто се виновни.

Клубовите се затвораат во своја одредена група на исти генерации без мотив да привлечат и едуцират млади. Федерацијата затоа што не ги насочува клубовите во која насока е потребно да се движат и да ги пратат европските трендови. Повеќето институции (конкретно образованието) затоа што не прават ништо за насочување на младите уште од најмала возраст за рекреација и активности на планина. Општините затоа што не ги помагаат локалните клубови за настаните, за маркирање на патеки и сл… Потребно е едуцирање и информирање на сите кои сакааат да ја користат планината, но потребно е и сите што ја користат планината сами да започнат да прават нешто добро за истата.

Кој е искористениот и неискористениот туристички потенцијал на Шар Планина и кон што треба да се насочи енергијата за развивање на овој сегмент?

За туристичкиот потенцијал на Шар Планина веќе е срамно да зборуваме. Потенцијалот на Шара е дефиниран во периодот на триесетитте години на минатиот век. Енергијата треба да се насочи во креирање на реална стратегија за развој на туризмот на Шар Планина. Реална стратегија значи да направиме Шар Планина да има туристичка инфраструктура и супраструктура која ќе биде во корист на сите засегнати страни. И секако оваа стратегија по фази да се имплементира по што ќе достигнеме реалел локален економски развој.

Кажете ни нешто повеќе за еколошкиот статус на Шара. Како природата може да се конзервира, а локалното население да биде вклучено во нејзината заштита?

Еколошки, вредносота на Шара истоа така е со децении опишувана. Знаеме дека биодиверзитетот на Шара доста значаен за поширокиот регионо. Природата треба да се заштити, за да не се случуваат активности кои во моментот се случуваат (дива сеча на шуми, криволов, отворање на патишта, градење на мини хидроцентрали, градење на објекти каде кому ќе му текне). Со прогласувањето на Шара за насионален парк би требало сите овие работи да прекинат. Тогаш приорадата ќе биде таква каква што и прилега да е.

Локалното население од секогаш било вклучено во заштитата на природата, локалното население никогаш масовно не сечело на Шара, не градело мини хидроцентрали и не отворало патишта. Не, локалнот население се грижело за она од кое кое што живее. Во моментов локалното насление можеби го плаши помислата за прогласување на Шар Планиан за национален парк, но тоа е така затоа што истото не е информирано. Потребна е работа и трпение со ова население и тогаш ќе се добијат резулататите од тоа заштитено подрачје.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија