7' Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле, Попова Шапка 18.02.2018

ШАПКА ПОВТОРНО ВО ПОЛН СЈАЈ – РЕКОРДЕН БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ!!!

На падините на Шар Планина изминатиот викенд се одржа традиционалниот меѓународен скијачки „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле 2018″ во организација на Пријателите на Стеве, МК Александар и СК Полар со рекорден број од 183 учесници.

На патеката Пионерско Брдо на Попова Шапка во сите категории имаше одлични борби за првото место. Малите виртуози на скии и бордови поделени по старосни категории ги заслужија сите аплаузи од публиката.
На седмото издание на велеслаломот и сноуборд за деца учествуваа рекорден број од 183 учесници, а на стартната листа имаше натпреварувачи од Бугарија, Србија, Косово, Хрватска, Чешка, Велика Британија и Македонија. Специјалните пехари „Караѓуле” наменети за најмлади учесници ги добија Дуња Арсиќ од Србија и Лео Цониќ од Македонија и двајцата со неполни 6 години.
По категории најуспешни беа:
Велеслалом за деца
• Снегулки – женски: Раја Зарева (Бугарија)
• Снегулки – машки: Павел Марков (Бугарија)
• Помлади цицибанки: Натали Николова (Бугарија)
• Помлади цицибани: Борислав Тодоров (Бугарија)
• Постари цицибанки: Косара Гуштерова (Бугарија)
• Постари цицибани: Дејвид Славчов (Бугарија)
• Деца 1 – женски: Ера Дева (Косово)
• Деца 1 – машки: Виган Буза (Косово)
• Деца 2 – женски: Ема Петровска (Македонија)
• Деца 2 – машки: Дрин Кокај (Косово)

Сноуборд за деца

• Помлади цицибани: Евгениј Ристевски (Македонија)
• Деца 1 – женски: Ева Башоска (Македонија)
• Деца 1 – машки: Марко Петковски (Македонија)
• Деца 2 – женски: Вера Лауренчиќ (Македонија)
• Деца 2 – машки: Бојан Скендеровски (Македонија)