Шалтај дигитално и на планина

Пред неколку дена Шимано го претстави својот прв електронски систем за менување на брзини кој што ќе може да се користи кај планински велосипеди.

Веќе пет години друмските велосипедисти имаа опција да отидат на ова дигитално ниво на менувачи, но поради спецификата на теренот, полн со нерамнини и нечистотија, планинскиот велосипедизам дури сега го добива овој новитет.

Се работи за системот менувачи XTR M9050 Di2 кои што работат на истата платформа како и оние за друмски велосипедизам само што се модификувани за теренот. Според возачите кои го имаат испробано системот тие велат дека се екстремно задоволни од прецизноста и брзината на менувањето на брзините.

Шимано го има истестирано системот на 20,000 км. планински патеки досега, а на пазарот е предвидено да искочи во четвртиот квартал од 2014 година. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија