Трето зимско искачување на Серо Торе

Наслов

Серо Торе качен во зима од Зигрист, Арнолд, Хубер и Вилависенсио

На 30 јули, во жарот на летото на северната полутопка и во врвот на зимската сезона на јужната полутопка се склопи една наврска од соништата која беше сочинета од швајцарците Штефан Зигрист (Stephan Siegrist), Дани Арнолд (Dani Arnold), германецот Томас Хубер (Thomas Huber) и аргентинецот Матиас Вилависенсио (Matias Villavicencio). 

Оваа екипа од високоискусни алпинисти напшрави извонредно и екстремно ретко зимско искачување на Серо Торе (Cero Torre) со качување на познатата, но многу ретко посетувана во зима „Насока на Пајаците" („Via dei Ragni"), излегоа на врвот на 30. јули во одлични услови.

Колку што е познато, ова е второто зимко искачување на насоката „Ragni", по искачување на Згрист во 1999 (без пристапување на врвот) заедно со Грегори Крауч (Gregory Crouch), Дејвид Фасел (David Fasel), Томас Улрих (Thomas Ulrich), и воопшто второ на Серо Торе во зимата. Први во зимската сезона на Серо торе стапнуваат во 1985 италијанците Пауло Карузо (Paolo Caruso), Маурицио Џиароли (Maurizio Giarolli), Ермано Салватера (Ermanno Salvaterra) и Андреа Сарки (Andrea Sarchi) по „Насоката на Копресорот" („Compressor Route") нa Маестри.

Засновани на нивното претходно искуство (Зигрист успешно го искачи Серо Штандхарт (Cerro Standhardt во зимата 2012 и направи прво зимско искачување на Торе Егер (Torre Egger) заедно со Дани Арнолд и Томас Сенф (Thomas Senf) во зимата 2010) наврската тргна точно на крајот на јули. Со помош на нивните пријатели Луис и Хектор Сото (Luis и Hector Soto), тие тргнаа од Ел Шалтен (El Chalten) на 28. јули натоварени со целата опрема до логорот Нипонино (Niponnino).

Следниот ден четворицата продолжија преку седлото Штандхарт (Col Standhardt) и бивакуваа под седлото Есперанса (Col de la Esperanza), пред утредента да продолжат нагоре на стрмната стена рано наутро. Зигрист искоментира:„Беше црна темница, но моравме да одиме. Само по Ел Елмо (El Elmo) можевме да ги исклучиме челните лампи. Бевме во бајковиден терен со неверијатно ледени облици. Насоката „Ferrari" беше како сон!"

Штефан Зигрист, Дани Арнолд, Томас Хубер и Матиас Вилависенсио при зимското искачување на Серо Торе

Четворицата качуваа ефикасно и стигнаа на врвот доцна попладнето. Додека во 1999 година Зигрист не ги качи последните 10 m од ледената печурка на врвното плато поради лоши услови, оваа година условите беа идеални и сите четворица стапнаа на врвот.

Зигрист објасни:

  • „Последниот пат не ги качивме последните 10 m од ледената печурка поради бурата која наближуваше. Тогаш то навистина не ни беше важно. Но оваа година нештата се поинакви: нема ветер на врвот! Лесно ги качивме последните 10 m до ввот плато на највисоката точка. Уште едно незаборавно искуство во Патагонија. Навистина многу уживавме!"

Во 17:30 Зигрист, Арнолд, Хубер и Вилависенсио го започнуваат симнувањето и стигнуваат на нивниот претходен бивак во 23:00. временската прогноза предвидувала силни ветрови, па тие тргнале назад преку преминот Маркони (Passo Marconi) и по 9 часовно пешачење низ длабокиот снег и глечерот Маркони стигнуваат на западниот дел на езерото Елетрико (Lago Eletrico), каде бивакираат уште една ноќ. Следното утро тие продолжуваат кон Ел Шалтен каде се сретнуваат со Хектор и Луис на пола пат, кои купиле леб, пиво и салама за да прослават.

 

фото: http://images.visualimpact.ch/

28 Август 2013

За авторот