Прв дел - 5 епизоди (1-5)

Серијал – Недела во сноуборд паркот Bear Mountain 2014 – 1 дел

Калифорнија освен што е позната по топло време, плажи, океан и пустини, има и еден ски центар на Мечкина Планина (по нашки, инаку Bear Mountain) каде освен стазите се наоѓа еден од најдобрите сноуборд паркови во светот. Ова се кратки видеа од неделите поминати во паркот. Секоја недела има нови фацки што ги покажуваат своите научени трикчиња….

Ски центарот Bear Mountain во јужна Калифорнија се простира на четири врвови (Bear Peak, Silver Mountain, Goldmine Mountain, Showdown Mountain) од кои највисок е Bear Peak (2684 м.н.в). Тој се смета за еден од најдобрите ски центри во оваа држава. Располага со 9 жичари и 3 ски лифтови со различни нивоа на тежина, додека сноуборд паркот е составен од 1 суперпајп, 1 халфпајп и еден почетнички халфпајп, но и многу шини, ѕидови и кутии…