Сечење лента во „Фитнес Револуција“

Минатата недела, на „среќниот“ ден присуствуваме на отварање на новото фитнес студио во Скопје, „Фитнес Револуција“ кое има поинаков пристап во тренинг методите.

Фитнес Револуција е новоотворено студио кое има за цел со програмирано и систематизирано мускулно оптоварување да ги подобрува секојдневните физички перформанси и секако, да го подобрува квалитетот на животот. Програмите кои се работат во Фитнес Револуција служат за подобрување на кардиоваскуларниот и респираторниот систем, така што се намалува стресот на срцето, се регулира дишењето и се подобрува циркулацијата на крвта. Позитивното влијание врз мускулната и коскената маса има важни бенефиции и предности врз здравјето на луѓето и нивниот потенцијал за побрз опоравок.

Тренинг програмата на Фитнес Револуција е поврзана со менување од една кон друга активност или промена од една во друга компонента на фитнесот. На пример, крос тренинг со веслање, користење на руско ѕвоно (кетлбел), користење на сопствената телесна тежина за кардиоваскуларен фитнес, користење на слободни тежини и многу динамични алатки, наместо изведување една иста активност ден за ден.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија