Се откажа МТБ трката од милион долари

Наведена како најтешката трка во планински велосипедизам на светот, а воедно и најмногу платената, Мунга оваа година нема да го направи своето деби откако еден од главните инвестиори се повлече.  

Мунга е трката во планински велосипедизам која што беше закажана за овој декември, од 3ти до 8ми во Јужна Африка, но нема да го доживее нејзиното деби откако еден од главните спонзори се откажа. Трката уште пред нејзиниот првично одржување беше самопрогласена како „најтешка“ на светот, протегајќи се низ околу 1000 километри низ јужноафричката дивина од Блоемфонтејн до Кејп Вајнлендс. 

Организаторите уште повеќе дигнаа прашина околу Мунга откако во мај 2014 објавија дека наградниот фонд за трите места на пиедесталот ќе биде 1 милион долари (750.000 за првиот, 100.000 за второ и 50.000 за трето место). Инаку котизацијата за пријавување на еден тим беше 10.000 долари со што организаторот ги покриваат сите трошоци за сместување и хранарина. 

Пред неколку дена, директорот на трката Алекс Харис на прес конференција изјави дека Мунга мора да се одложи за 2015 година поради потешкотии со големите спонзорства и самата опширност на настанот. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија