Се одржа „Вегефест 2014“

Овој викенд во Сити Мол во Скопје се одржа фестивалот Вегефест кој промовира веганска исхрана, здрави хранителни навики и избори и подигнување на свеста и сочуството за сиот жив свет на нашата земја.

Фестивалот се одржа во период од 15 до 16.11.2014 а во него учество земаа повеќе фирми, продавници и ланци за здрава и веганска исхрана, повеќе активисти за заштита на правата на животните, а програмата беше збогатена и со активни елементи како јога, вежбање и танцување. 

Вегефест беше во организација на Анима Мунди и главен акцент беше ставен на заштитата на правата на животните, оние кои најмногу страдаат од масовната побарувачка на животинските продукти, најмногу од страна на прехрамбената индустрија.

Затоа, мотото на фестивалот беше „Револуција која почнува во твојата чинија“, а целата е да се зголеми свеста кај пошироката популација за животните и да се поттикнат што повеќе луѓе да започнат со вклучување на веганската исхрана во нивното секојдневие.

Повеќе фотки тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија