Се одржа првото издание на Momata Rock Trail

Имавме можност за прв пат да се „опулиме“ со Момата, се надеваме дека отсега па натаму секоја година ќе имаме по еден вакво рандеву…

Вчера, 14 јуни, за прв пат, на Селечка Планина се одржа Momata Rock Trail во организација на ЗАПС „Единак”, ТРЕКС и ПСД „Макпетрол”. Патеката беше со должина од 17 км, вкупна висинска разлика од 1050 м, одлично маркирана, а двете контролни точки на 4-тиот и 9-тиот километар овозможија дополнителна вода, овошје и храна за тркачите. 

На ова прво издание учествуваа вкупно 44 учесници, 32 во машка и 12 во женска категорија, а и покрај високите температури сите учесници ја завршија трката во планинско трчање.


Повеќе фотографии може да погледнете во Momata Rock Trail – ФОТОГАЛЕРИЈА


Првото место го освои Жикица Ивановски, кој патеката ја помина за 1:51:20, веднаш по него второ место за Александар Кирковски, а трето место го освои Александар Симјановски. Во женска конкуренција на прво место е Милена Чкрипеска, со време од 02:36:10, на второ место Мартина Милева и на трето Мери Чкрипеска.

Целосната листа со резултати на следниот линк.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија