Наслов

Се одржа мечувалскиот турнир Охрид Лејк Куп 2015

Изминатит викенд во Струга се одржа меѓународниот VI по ред Охрид Лејк Куп, на кој му предходеа 6 дневни меѓународни подготовки на кој зема учество тренери од Италија и Македонија.

На натпреварот земји учеснички беа: Македонија, САД, Финска, Романија, Германија, Франција, Словенија, Србија, Грција и Полска.

Натпревари се одржа во неколку дисциплини и тоа: Меч за жени и мажи во сениорска конкуренција, сабја мажи за сениори, меч мажи ветерани и сабја мажи ветерани, и во екипна конкуренција меж сениори. Димитар Петровски од Македонија е освојувач на турнирот во меч мажи сениорска конкуренција. Македонија се закити со сребрена медалја во меч екипно, Сашо Анастасов освои второ место во сабја мажи сениори и Билјана Кузмановска во меч жени сениорки. Ова е турнир кој од година во година прераснува во се поголемо натпреварување кое го препознаваат и странските екипи како респектабилен турнир.

За посебна почит е учеството на голем број натпреварувачи ветерани од цела Европа, кои со своето огромно искуство и одлични резултати во сениорска конкуренција, го прават овој турнир посебен.

01 Септември 2015

За авторот