R.I.P - Мухамед Али

Наслов

Се одјави „Најголемиот”

После 32-годишна борба со Паркинс и неколкудневна со белодробна инфекција, на свои 74 години „најголемиот” Али се предаде во животната рунда и замина во легендите на светскиот спорт. 

Роден како Касиус Марселус Клеј на 17.01.1942 во Лусевил, Кентаки тој започнува со бокс на свои 12 години. Во својата историја Мухамед Али добива повеќе „Златни ракавици” во Американскиот бокс пред да отиде на Олимписките игри во Рим 1960 година каде освојува златен медал во лесна категорија. 

Во 1964 година на негови 22 години тој станува светски шампион во тешка категорија победувајќи го Сони Листон. Во понатамошната кариера тој е постанува единствениот трикратен последователен светски шампион во тешка категорија во период од 1964, 1974 и 1978 година со повеќе светски познати борби позади неговиот појас.

Али почина на 05.06.2016 година во Феникс. 

Кратка статистика за Али во неговата боксерска кариера:

Вкупно борби 61
Победи 56
Победи со нок-аут 37
Порази 5
Нерешено 0

Една од нашите омилени цитати на Али (а ги има многу) 

”Impossible is just a big word thrown around by small men who find it easier to live in the world they've been given than to explore the power they have to change it. Impossible is not a fact. It's an opinion. Impossible is not a declaration. It's a dare. Impossible is potential. Impossible is temporary. Impossible is nothing."

„Невозможно” е само еден голем збор со кој се расфрлаат малите луѓе на кои им е полесно да живеат во еден свет кој им е даден, наместо да истражуваат во својата моќ и да го изменат. Невозможното не е факт. Тоа не е мислење. Невозможното не е изјава. Не е смелост. Тоа не е потенцијал. Невозможното е привремено. Тоа е ништо.” 

Почивај во мир. 

Препорачуваме: Сјајот на Али 

06 Јуни 2016

За авторот