Се намалуваат таксите за качување на Еверест

Од идната година, непалската влада воведува скратување на таксите за качување на Монт Еверест и на голем број од другите планини со што се очекува стимулирање на овој вид спортски туризам во земјата.

Направени се промени во цените на такстите за качување на повеќе од стотина врвови во државата, но најголемите се направени на Еверест, односно на рутата Саут Кол која беше искористена од Едмунд Хилари и Норгеј Тензинг во првото освојување на највисоката планина во светот. 

Од 1ви јануари идната година оној што ќе сака да се обиде да го качи највисокиот врв на светот ќе може да си обезбеди единечна такса со повеќе од половина намаление од тоа што досега беше. Досега, дозволата за качување по лице во пролетната сезона изнесуваше 25000 долари, но алпинистите имаа можност да купат групна карта за седум лица за 70000 долари која од идната година според новите регулариви групната карта ќе биде елиминирана, а единечната ќе биде намалена на 11000 долари по човек. 

Според The Telegraph, непалскиот министер за туризам изјавува дека ова ќе го спречи формирањето на непотребни вештачки создадени големи групи:

  • „-Промените во таксите и елиминирањето на групната такса ќе ги оневозможи формирањето на вештачки создадените групи кадешто може да се случи лидерот да не познава многу од неговиот тим. Со ова ќе дојдат до израз сериозните и одговорните качувачи.“

Додатно, таксите за многу други планини, вклучувајќи и 8000-ки ќе бидат намалени. На пример, цената на седум други 8000-ки како Лхотце, Чо Оју, Манаслу и Анапурна ќе биде намалена од 5000 на 1800 долари за пролетната сезона. Во другите пак сезони, дозволата ќе чини и поевтино. 

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија